- Она што денес ќе го видиме е претставување на основните принципи на хомеопатијата, но и студиските програми за хомеопатија кои господинот Џорџ ќе ни ги претстави. Тој ќе ни претстави како може да се студира хомеопатија, на кој начин и кои се поволностите на тоа студирање. Хомеопатијата нема да биде воведена многу брзо, но развојот и ефектите од оваа алтернативна медицина во голем број делови на медицината се фасцинантни. Можеме слободно да кажеме дека можеби ќе биде една од гранките на медицината на 21 век што ќе донесе најголем прогрес на медицината - изјави проф. д-р Рубин Гулабоски.
Претставникот од Грција истакна дека би сакал да ја прошири идејата за хомеопатијата на УГД и дека соработката со УГД дополнително ќе се проширува.
- Сакаме да воспоставиме контакт со вашиот универзитет и да видиме дали можеме да ви го споделиме знаењето за да им помогнеме на пациентите. Ќе имаме и други состаноци со надеж дека ќе ја продолжиме соработката - изјави Џорџ Патапатиу од Интернационалната академија за хомеопатија во Грција.
Предавањето се одвиваше во свечениот амфитеатар на Кампус 2, а целосното предавање може да се најде на следниов линк.