Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со Институтот „Светот на Турција“ - Турција неодамна организираа Меѓународен научен симпозиум кој се одржа во Анталија, Турција. На овој настан учествуваа повеќе странски и домашни научници, а УГД доби и признание и плакета за промоција на турскиот јазик надвор од Турција кои му беа врачени на проректорот проф. д-р Кирил Барбареев од страна на претседателот на Институтот, проф. д-р Неџати Демир. На отворањето на настанот, покрај проректорот Барбареев, поздравен говор имаше и деканот на „Гази Универзитетот“, проф. д-р Гијасетин Ајтач.
Од страна на УГД проф. д-р Махмут Челик од Катедрата за турски јазик и книжевност во своето излагање ја пренесе историјата на постоењето на Катедрата за турски јазик и книжевност на УГД.
Претседателот на симпозиумот проф. д-р Неџати Демир и проректорот проф. д-р Кирил Барбареев во делот на заклучоците разговараа за можноста следниот симпозиум да се прошири и со други научни области и да добие интердисциплинарен карактер и следниот меѓународен симпозиум да се одржи во Македонија.