(Видео) Промовиран филмот за пештерата Слатински Извор

Филмот насловен „Хидрогеолошки карактеристики на изворската пештера Слатински Извор“ денес беше промовиран во Кампус 2 на УГД. Автор на филмот е Билјана Гичевска, истражувач и научник, а продукцијата е на Универзитетската телевизија и Филмската академија при УГД.

- Истражувањето го спроведуваме повеќе од пет години. Следевме многу активности на целиот пештерски систем. Во рамките на пештерата беше поставен инструмент за првпат во нашата држава кој мереше температура, спроводливост на вода и ниво на воден столб и тој начин заклучивме како функционира еден карстен систем и да утврдиме каков е квалитетот на водата и каква е динамиката на растворените материи низ карстниот систем. Извршивме и зонирање и утврдени се точки на ранливост и утврдивме дека водата е соодветна за пиење и консумирање - изјави авторката на филмот и истражувањето Билјана Гичевска.

Настанот го отвори ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, кој истакна дека ова е една од многуте активности на Универзитетската телевизија и дека во иднина ќе бидат побројни ваквите научно-документарни филмови.

- Универзитетската телевизија има определба да прави програма која се однесува на науката, образованието и истражувањето. Токму овој филм е дел од таа определба. Мислам дека ќе имате убава можност да бидете присутни на повеќе настани кои ќе зборуваат за тоа што УГД го прави во делот на науката, образованието и истражувањето. Ова е многу важна тема за водоснабдувањето и за водата за пиење во Македонија - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Филмот веќе е поставен на интернет и може да се погледне на каналот на Универзитетот „Гоце Делчев“.

 

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…