Тоа се: Лабораторија за електронска микроанализа, Лабораторија за испитување на квалитетот на храната, Лабораторија за подготовка на микроскопски примероци, Лабораторија за радиофармација, Мобилна лабораторија за животна и работна средина УНИЛАБ, Лабораторија за дигитални ресурси и отворен пристап, Лабораторија за стоматолошка научноистражувачка работа и Лабораторија за роботика и интелигентни системи. Ресурсите и услугите на овие лаборатории се достапни и за истражувања кои му се потребни на стопанството во државата со што, покрај научните резултати и достигнувања, истражувањата наоѓаат и своја практична примена. На УГД се спроведуваат вкупно 357 меѓународни, национални и апликативни научноистражувачки проекти, а од 2014 година до денес се реализирале и 92 проекти од сопствени средства од Фондот за научноистражувачка работа на УГД. Во проектите веќе се вклучуваат и студенти кои можат да аплицираат и со сопствени проекти.
Во рамките на научноистражувачката дејност се објавени 5.828 труда во меѓународни и домашни списанија, наставничкиот кадар има објавено 994 книги, учебници, монографии, скрипти и практикуми, а учествувал и со 3.117 труда, постери, презентации и предавања на меѓународни и национални конференции, конгреси, семинари и работилници.