УГД со Грција и Кипар во нов проект за органско ѓубриво - Биоотпад

Од септември оваа година, тим од Универзитетот „Гоце Делчев“ работи на проект финансиран од фондовите за развој на Европскиот регион - “Utilizing Pay As You Throw System and Autonomous Composting Units for Biowaste Management in Touristic Areas – BIOWASTE”,  според програмата Iterreg BalkanMed

Проектот Биоотпад ќе трае  24 месеци и е финансиран од Европската комисија, според програмата за транснационална соработка Интерег Балкан – Медитеран 2014 – 2020.   

Освен УГД, партнери во проектот се и Општина Катерини во Грција, која е водечки партнер, Општина Пробиштип во Република Македонија, како и Општина Јермасоја во Кипар и Технолошкиот институт во Крит, Грција. 

 

Станува збор за проект вреден 1300000 евра од кои поголемиот дел од средствата ќе бидат за имплементација на проектот во општините Катерини, Пробиштип и Јермасоја, по околу 270000 евра и по околу 80000 евра за истражувачите од УГД и од Институтот. Со овие средства тимот ангажиран во проектот најпрво со туристичките и комерцијалните објекти, а потоа и со останатите граѓани ќе работи на селектирањето, сепарацијата и обработката на отпадот, особено остатоците од храна (органски отпад) и негово претворање во органско ѓубриво во специјални автономни компостерски единици. Придобивките, покрај моментот со заштитата на околината, се и намалувањето на трошоците на објектите, како и на домаќинствата, бидејќи ѓубрарината би се плаќала по принципот – плати колку фрлаш. 

Од анализите на резултатите добиени во текот на работењето на проектот се очекува да произлезат и научни трудови кои би помогнале постапките да се пресликаат и во останатите општини во државите партнери на проектот и на тој начин да се промени третирањето на отпадот, особено тој од органска природа. Според Директивата за ѓубрива 98/2008, доста амбициозно се предвидени придобивките од освестувањето за депониите, сепарацијата на отпад, рециклирањето и многу работи треба да се подобрат до 2020 година во Европа, особено на темата цврст отпад.

 

Последен пат изменето на Вторник, 07 Ноември 2017 15:25
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…