Овој настан претставува можност за амбициозни студенти и млади лекари да ја демонстрираат својата работа преку усни и постер презентации од полето на претклинички и клинички предмети, практична работа во работилници и присуство на предавања од реномирани професори. Конгресот ќе биде одлична можност за проширување на теоретските и практични знаења, стекнување на нови колегијални пријателства, а истиот ќе се одржи на 9 и 10 мај 2018 година во Мултимедијалниот центар – Штип (Економски факултет). Инспирирани и полни со ентузијазам, Ве покануваме на соработка. Учеството на конгресот ќе биде слободно за сите студенти на медицина и млади лекари од земјава и околните држави.
Сите заинтересирани студенти може да се пријават на следниов линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScAHRh1MuyNettVjQjiLMQ1lguxe3pEP1uS3AT4ReFV-4mMOg/viewform
Правилникот за пишување на апстракт може да го погледнете тука.
Правилникот за изработка на усна и постер презентација може да го погледнете тука.
За повеќе информации на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Апстрактите испратете ги на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Следете нѐ на социјалните мрежи: @skom.ugd
Со почит,
Организациски одбор на студенти по општа медицина при УГД – Штип