Предавање: Нихилизам – генеалогија и предизвици

М-р Филип Клетников, магистер по филозофија, ќе одржи предавање на интересна филозофска тема на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Нихилизмот е еден од стожерните поими на западната филозофија и мисла. Како таков, истиот е невралгично многузначен. И тука веднаш се поставува прашањето: дали поимот на нихилизмот е прееминентно филозофски, па дури најпосле - дали воопшто е филозофски? На оваа тема и на ваквите прашања ќе одговори м-р Клетников во своето предавање.

Предавањето ќе се одржи утре (11.4.2018 година) во 11 часот на Правниот факултет. М-р Филип Клетников магистрирал во Германија и со студентите и со присутните ќе ги сподели своите знаења од областа на филозофијата.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…