Ден на диференцијалните равенки

Во петок, 4 мај 2018 година, со почеток во 10 часот во aмфитеатар два на Кампус 2 ќе се одржи „Ден на диференцијалните равенки" во организација на Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, во соработка на Иницијалниот одбор на „Ден на диференцијалните равенки” под водство на проф. д-р Боро Пиперевски од ФЕИТ, Скопје.

Предавањата на овој ден ќе бидат на темите „Вејвлет-галеркин решение на некои обични диференцијални равенки“, „Производи на дистрибуции во алгебри на Коломбо“ и „Динамична анализа на модифициран лоренцов систем“. Предавачи ќе бидат професорите Катерина Санева-Хаџи Велкова, Билјана Златановска, Лимонка Коцева-Лазарова и Марија Митева, а ќе биде промовирана и брошурата „Ден на диференцијалните равенки“ од проф. д-р Боро Пиперевски.

Последен пат изменето на Четврток, 03 Мај 2018 10:11
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…