Посета на Универзитетот за хемиски технологии во Шенгјанг (Кина)

Делегација составена од проректорот за настава на УГД, деканот на Земјоделски факултет и професор од овој факултет неодамна го посетија Универзитетот во Шенгјанг, Кина.

УГД со овој универзитет има потпишано Договор за соработка, а при оваа посета се договори потесна соработка во вид на заеднички научни проекти и размена на студенти и наставнички кадар.

Двата универзитета во следниот период ќе остварат уште една средба во периодот на септември 2018 г. во Штип, каде што ќе се презентираат научните резултати, деталите за продлабочување на соработката, бројот на студенти кои од УГД би студирале во Кина, но и бројот на студенти кои од Кина би студирале на УГД.

Проректорот за настава на УГД проф. д-р Кирил Барбареев, деканот на Земјоделскиот факултет проф. д-р Љупчо Михајлов и доцент д-р Биљана Балабанова реализираа активни средби со ректорот на Универзитетот за хемиски технологии во Шенјанг, Кина, Баи Веи, директорот на Одделот за интернационална соработка, Ма Лима, деканот на Факултетот за базични науки и инженерство, Фанг Чјингшјонг, деканот на Факултетот за информациони технологии, Фан Липинг, и директорот на Колаборативен иновативен центар, Сонг Шјуџјун.

Врз основа на веќе потпишаниот Меморандум за соработка во 2017 г., двете страни се заложија за продлабочување и проширување на основната рамка за соработка, изнаоѓање на блиски студиски програми коишто во иднина би овозможиле и услови за размена на студенти и наставнички кадар.

УГД ја постави интернационализацијата како приоритет во следниот период. Таа е повеќе од само потреба на мобилност на студентите и професорите, таа е партиципација – учество во динамичниот свет во кој живееме и рапиден развој на знаењето, креативноста и иновацијата. Таа е од круцијална важност за квалитетот во наставата, истражувањето и апликативната дејност на УГД.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…