Студенти од УГД учествуваат на Охридската школа за природно право

Тројца студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ учествуваат на Школата за природно право во Охрид која е во организација на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ.

Студентите од УГД се на втор циклус студии на Правниот факултет, а покрај нив како предавачи учествуваат и дел од професорите од Универзитетот „Гоце Делчев“.

Школата се одржува од 1 до 7 jуни, а на отворањето на Школата присуствуваше и ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Универзитетот „Гоце Делчев“ традиционално е дел од Школата во Охрид со свои предавачи и студенти кои секоја година се стекнуваат со исклучително квалитетни знаења од областа на правото. Школата се организира секоја година во Охрид, а на неа присуствуваат реномирани предавачи од земјава и од странство.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…