Интервју на проф. д-р Саша Митрев во најреномираното списание на Американското фитопатолошко здружение (APS American Phytopathology Society)

Катедрата за заштита на растенијата и животната средина на Земјоделскиот факултет, под раководство на проф. д-р Саша Митрев, се занимава со проучување на болести и штетници кај растенијата и примена на соодветни мерки за заштита.

Оваа катедра има долгогодишно искуство во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а пред тоа 10-тина години работа под Институтот за јужни земјоделски култури.  

Голем број литературни изданија, списанија, информации корисни за поголем квалитет во наставата, со многу податоци за нашите студенти од заштитениот дел на платформата на APS како член Катедрата ги користи ресурсите во подобрување на работата.  

Проф. д-р Саша Митрев повеќе од 20-тина година е член на Американското фитопатолошко здружение и по барање на асоцијацијата професорот имаше интервју за работата и достигнувањата во областа на фитопатологијата. Богатата научноистражувачка кариера на проф. Митрев е претставена преку голем број објавени научни трудови со фактор на влијание во списанијата на APS, но и голем број трудови за APS прегледни како рецензент.

Целото интервју може да го прочитате на следниов линк

Последен пат изменето на Петок, 05 Април 2019 14:08
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…