Најсовремена сепарациона техника применета за анализа на македонски црвени вина

Во април 2019 година од страна на тим на истражувачи од Македонија и од Австрија е објавен научен труд за примена на најсовремена сепарациона техника за анализа на траги од биоактивни компоненти во традиционално произведени црвени вина. Студијата е објавена во едно од најпрестижните списанија за аналитичка хемија, Analytica Chimica Acta (IF=5,123).

Во истражувањето за првпат се применува високософистицирана техника поврзана со еден од најновите детектори со висока резолуција, масен спектрометар со јонска мобилност и квадропол со време на прелетување (IM-TOF-MS), за определување на траги од метаболити (финтерпринтинг на метаболити) во црвени вина. Трудот е прифатен за објавување со минимални забелешки од рецензентите што укажува на фактот дека се работи за комплексно истражување на рамниште со истражувањата од највисоко светско ниво, како и за квалитетот на работата и важноста на спроведената студија.

Истражувањето е спроведено во рамки на билатерален проект меѓу Македонија и Австрија, а раководител на проектот од македонска страна е проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос од Земјоделски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.

Трудот е достапен на следниов линк: https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0003267018313989.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…