Ова истражување служи само за анализа и се спроведува во целиот свет. Опфатени се прашања во врска со последиците од Корона кризата за деловните активности, пречките со кои се соочи бизнисот, се отворија ли можности за нови пазари... Податоците од истражувањето ќе бидат основа за мерките кои терба да се преземаат за да се амортизираат последиците од големата криза која го зафати целиот свет.
Истражувачкиот тим од Економскиот факултет на УГД се состои од Мила Митрева, Душица Манчева, Анита Миланова и Ангела Димиткова. Сите истражувачки имаат потпишани изјави за доверливост на податоци и договор за соработка со ЦЕФЕ Македонија. Со тоа, информациите и податоци се строго анонимни и веднаш се класифицирани како доверливи. Прашалникот за кој е потребно не повеќе од 15-тина минути да се пополни, како и повеќе информации за истражувањето, може да се најдат на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfNvn0zS-RfGyNePM7LYD8zf3aBcetsuUU1ewfktW0XrgGUeA/viewform.