Главна цел на овој проект е примена на постапка за одделување на цврстиот комунален отпад од органскиот отпад на местото на создавање на истиот, главно ориентирајќи се кон т.н. биомаса, постапка особено применлива за угостителскиот сектор, како и за помали населби, кои се наоѓаат подалеку од центарот на населено место.
Професори од Факултетот за природни и технички науки и Економскиот факултет при УГД изразија свои видувања и заклучоци за важноста на овој проект кој низ своето спроведување помина низ неколку фази низ 33-те месеци на спроведување. Благодарение на сите фази и активности, Општина Пробиштип која е дел од овој проект е првата општина во државата каде што е започнато со постапка на одделување на отпадот на местото каде што истиот се создава. Исто така, овој проект е исчекор кон разработка на најприфатлива методологија за наплата на надоместок за изнесен отпад од страна на јавните комунални претпријатија, како и значително зголемување на свеста кај населението за потребата од намалување на количествата отпад кои до денес завршуваат на депонија.
Печатењето на брошурата на македонски и на англиски јазик беше примарно наменето за Инфо денот, кој беше закажан за 25 март 2020 година и беше одложен согласно со препораките за заштита од Ковид 19. Управувачкиот тим на проектот од УГД и од Општина Пробиштип разгледува можни термини за Инфо денот во текот на јуни, доколку состојбата го дозволи тоа.