Првиот вебинар (5.11.2020 год.) е од областа на рударството и металургијата, вториот (12.11.2020 год.) е од хидрометалургијата, третиот (19.11.2020 год.) од областа на пирометалургијата и четвртиот вебинар (26.11.2020 год.) за иновативни продукти за конструкција.
На вебинарите, покрај професори од УГД, ќе учествуваат и професори од Белгија, Австрија, Словенија и од регионот. Организатор на настанот е Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со други партнерски институции од регионот.
Регистрацијата и следењето на вебинарите е бесплатно и можат да ја следат сите заинтересирани. Повеќе детали на http://ris-recover.zag.si/.