Информативна кампања за проектот „ЕУ – e-здравствено право и Северна Македонија: од практика до имплементација“

Тимот од професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кој е дел од Жан Моне проект од програмата на Еразмус плус во кој УГД е единствен носител, организира информативна кампања со која сите заинтересирани подетално ќе се запознаат со содржината и целите на проектот.

За потсетување, УГД првпат е единствен носител на Жан Моне проект од програмата Еразмус плус  „ЕУ – e-здравствено право и Северна Македонија: од практика до имплементација“. Информативната кампања ќе се одржи онлајн, на платформата Microsoft teams, на 24.11.2020 година со почеток во 11 часот. Предвидено е да се обрати проректорот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров, а проектот ќе го презентира проф. д-р Кристина Мишева од Правниот факултет. За појавата и развојот на европската визија за е-здравство ќе говори проф. д-р Марија Амповска од Правниот факултет, а проф. д-р Трајче Стојанов од Факултетот за образовни науки ќе има презентација за некои биоетички прашања во е-здравството. За здравствениот менаџмент ќе зборува доц. д-р Андреј Петров од Факултетот за медицински науки, а во настанот ќе се вклучат и професори од универзитетите во Загреб и во Прага.

Информативната кампања ќе можат да ја следат сите заинтересирани професори и студенти, за што треба да се пријават на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…