Иако водните животни пливаат во она што се вели дека е клучен извор на животот – водата; недостатокот на земја може да ги ограничи во идното формирање на живот во хипотетичкиот простор кој со еден збор се нарекува – океанска планета.
Океанските планети или водни светови, инаку, се хипотетички видови на планети кои би биле речиси целосно покриени со вода која е длабока со километри, односно, многу подлабока од водата на планетата Земја.
Имено, водата која ја покрива земјената површина има интеракција со атмосферскиот јаглерод диоксид, така што ова ги претвара ладните планети – замрзнати, а топлите – уште потопли.
Новото истражување на списанието „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ покажува дека големите водни површини се можни за населување со животински свет само во одредена температурна граница – од 0 до 127 степени целзиусови.
Било што надовр од таа граница може да биде кобно по живиот свет, онаков каков што ни е познат.
Објаснувањето е следно:
- Кога температурите се ниски, водните пространства испуштаат огромна количина на јаглерод диоксид, потенцијален замрзнувачки гас кој уште повеќе ја снижува температурата.
- При повисоки температури, водата апсорбира помалку од овој гас, а испушта поголем дел во воздухот, што пак, придонесува за обратен замрзнувачки ефект.
Иако истражувањата се базираат на калкулации на светови со големина на планетата Земја, опкружени со ѕвезди слични на сонцето, истражувачите велат дека овој „замрзнувачки“ ефект би бил сличен и за поголеми светови и ѕвезди.
Истражувачите тврдат дека истиот циклус би се случил и со други гасови кои го имаат сличниот ефект како јаглерод диоксидот.
Со толку ограничени можност за населување, океанските планети можеби не се толку привлечни кога станува збор за населување со живот.
Извор: www.sciencemag.com.