Која е брзината на мракот?

Брзината на светлината изнесува 299 792 458 м/с. Но што е со брзината на мракот?

Мракот е всушност само отсутност на фотони и иако теоретски тој нема брзина и не се движи, сепак заклучокот е дека брзината на мракот е еднаква со брзината на светлината.
Овој заклучок се базира на фактот дека мракот е отсутност на светлината и дека исчезнува кога светлината ќе се појави, тогаш за мракот можеме да кажеме дека исчезнува со иста брзина со која исчезнува и светлината, а оттука дека брзината на мракот е еднаква со брзината на светлината.

Базирајќи се на истражувањето на Мајкл Фарадеј, шкотскиот физичар Џејмс Кларк Максвел за првпат ги обединил сите претходни теории за електричните и магнетни полиња и неговара работа резултирала со четири формули со кои се објаснува се што треба да се знае за електрицитетот и магнетизмот. Максвеловите формули се едно од најважното откритие во историјата на науката.
Денес се знае дека видливата светлина е само еден од многуте облици на електромагнетната радијација која формира разновиден спектар, почнувајќи од радиобранови, па се до гама зраци, а видливата светлина е некаде во средината на тој широк спектар.

Брзината на светлината и мракот е најочигледна кај т.н црно светло или ултравиолетово светло. Ултравиолетовите ламби произведуваат светлина во ултравиолетовиот дел на спектарот на електромагнетната радијација. Денес наоѓаат широка примена во медицината, а ова светло се користи и за детектирање на предмети кои светат единствено под ултравиолетова светлина.

 

Последен пат изменето на Четврток, 15 Октомври 2015 09:44
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…