Иако во западната цивилизација болестите предизвикани од паразитски инфекции се минато, во голем дел од неразвиените земји болестите од овој тип и понатаму предизвикуваат голема смртност и претставуваат еден од најважните здравствени проблеми. Со своите истражувања овие тројца научници го унапредија нивото на здравствената состојба во сиромашните држави и суштински го променија начинот на кој се лечат овие болести.
Вилијам Кемпел и Сатоши Омура ја добија Нобеловата награда за откривањето на антипаразитскиот лек Авермецтин кој ја лечи болеста позната како речно слепило. Проучувајќи една вид на паразит кој живее во земјата, Сатоши Омура дошол до интересно откритие за ефикасноста на оваа бактерија при уништување на одредени микроорганизми. Селектирал 50 вида кои имале голема ефикасност, а Вилијам Кемпел утврдил кој од овие 50 вида има најсилно антипаразитско дејство.
Јују Ту од Кина со своето истражување за развивање на лекот Артемисинин придонела за значајно намалување на смртноста кај пациентите заболени од маларија. За решавањето на овој проблем, Јују Ту се свртела кон традиционалната кинеска медицина и прва покажала дека растението Artemisia annua содржи активна компонента која мошне ефикасно ги уништува паразитите кои доведуваат до појава на маларијата.
Вилијам Кемпел, Сатоши Омура и Јују Ту, годинешните добитници на Нобеловата награда од областа на физиологијата и медицината.