Уморот е во перцепцијата?

Мозокот сочинува околу 1/50 од нашата телесна тежина, но троши околу 1/5 од кислородот што го вдишуваме. Природно е да се претпостави дека преоптоварувањето на мозокот остава летаргично чувство, но ова не е сосема точно.

Мозокот го користи поголемиот дел од својата енергија само да ја задржи својата првобитна состојба, 1/10 од нашата енергија оди во процесот што ги снабдува мозочните келии со потребни материи – калиум и натриум, и го одржува исполнет и подготвен секој неврон во мозокот.

Една специфична ментална активност, без разлика дали е тоа разговор со пријател или решавање на крстозбор, не бара многу дополнителна енергија. Студиите покажуваат дека луѓето не се побавни по изведувањето на тешки умствени задачи.

Семјуел Маркор од Универзитетот во Кент спровел еден експеримент со кој ги поделил испитаниците во две групи: првата група играле напорни компјутерски игри, додека испитаниците во втората група гледале документарци за возови или спортски автомобили. Потоа сите направиле тест за издржливост на велосипед за вежбање. Маркор утврдил дека луѓето кои се психички исцрпени побрзо се откажувале од вртењето на велосипедот во споредба со контролната група кои гледале документарци. Најверојатно, напорното размислување ги истрошило.

Во исто време, Маркор не пронашол никаква корелација помеѓу менталните задачи и нивните кардиоваскуларни параметри, како што се крвниот притисок, срцевата работа и потрошувачката на кислород.

Со други зборови, менталната вежба не изгледа како да ги прави побавни нивните тела онолку колку што оваа задача изгледала тешка и исцрпувачка во нивната перцепција.

Извор: http://popsci.com 

Последен пат изменето на Понеделник, 26 Октомври 2015 11:47
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…