Иако денес во голем број нови објекти се користат одржливи и еколошки стратегии за да се подобри квалитетот на воздухот во внатрешните простории, сепак научниците имаат прашања за потенцијалните последици од овие простории врз здравјето на луѓето.
Според едно истражување што е објавено минатата недела во „Environmental Health Reports“, лошиот квалитет на воздухот во конвенционалните објекти драстично ја намалува когнитивната функција на лицата кои престојуваат во нив, а со тоа се намалува и нивната продуктивност во работата.
Во истражувањето, 24 работници поминале 6 дена работејќи во контролирана канцеларија (сите биле испитувани во средината на неделата, со цел да се елиминираат непродуктивните ефекти на понеделниците и петоците). Во овие денови се менувало нивото на јаглерод диоксид и на испарливите органски хемикалии од печките кои испуштаат воздух, подовите, освежувачите на воздухот или бојата на ѕидовите. Работниците не знаеле каков воздух вдишуваат, но секое попладне биле испитувани во однос на нивната когнитивна функција која директно упатува на нивните вештини кои се потребни во текот на работата.
Истражувачите биле изненадени од резултатите. Во деновите кога воздухот содржел помалку јаглерод диоксид и други испарливи органски хемикалии, испитаниците покажале подобри резултати на нивните тестови за когнитивни перформанси, дури за 61%.
Квалитетот на воздухот, може да се заклучи, има огромно влијание на когнитивната моќ, барем привремено. Истражувањето не открива како овие хемикалии влијаат долгорочно. Иако некои хемикалии, како азбестот, докажано причинуваат проблеми со белите дробови доколку се вдишувани со години, не постојат многу одговори за нивните когнитивни ефекти.
Во идните студии, истражувачите се надеваат дека ќе ги откријат резултатите од влијанието на воздухот во реални работни простории и дека ќе ги откријат долгорочните ефекти од разните загадувачи на воздухот.
Извор: www.popsci.com.