Она што науката треба да го истражи е дали нивото на хормоните се зголемува или намалува низ неделите или месеците, како што тоа се случува кај жените.
Некои истражувачи веруваат дека машките хормони варираат со промена на годишното време. Во истражување од 2003 година, кое е направено кај неколкумина мажи во еден норвешки град, е откриено дека нивото на тестостерон е најниско во лето, а највисоко во доцна есен. Истражувањето што е направено кај мажи во Данска открива слични варијации со незначителни промени. Доколку овој ритам е реален може да има поврзаност со изложувањето на сонце, летните активности или зимското покачување на телесната тежина. Истражувањата, пак, направени во сончевиот Сан Диего и во снежниот Бостон се спротивни од скандинавските откритија.
Во истражување направено во 2012 година, уролозите во Колеџот по медицина „Бејлор“ во Хјустон заклучија дека постојат неколку докази што ќе ја потврдат тезата дека хормоналните промени зависат од годишното време, но потребни се дополнителни истражувања.
Ендокринологот Питер Целец од Универзитетот „Комениус“ во Словачка мисли дека мажите имаат јасен месечен циклус. Во 2002 година тој објави студија со којашто покажа дека и мажите и жените доживуваат лунарни промени во нивото на хормони. Според него, мажите го доживуваат врвот од 18 до 30 ден во месецот. Откритијата на Целец можеби не се прифатени во ова поле, но тој убедува: „Барав докази кои ќе го докажат спротивното, но немам пронајдено ништо“. Целец додава дека доколку месечниот циклус кај жените не е толку евидентен, истражувачите би биле скептични и за постоењето на нивниот хормонален циклус.
Извор: www.popsci.com.