Но што ако можат да откријат и одредена хемиска супстанца во одреден објект?
Новата инвентивност која доаѓа од Израел го докажува токму ова.
„Трикодерот не е веќе научна фантастика“, потврди научна статија на Универзитетот во Тел Авив.
Професор од овој Универзитет, Давид Мендлович, откри компонента која наликува на минијатурен филтер кој прави хиперспектрални фотографии и на тој начин го отсликува светлосниот спектрум на фотографиите.
Специјално изработен софтвер потоа креира спектрална мапа и ја споредува со датабаза на спектрални „отпечатоци“ кои се поврзуваат со одредени супстанци.
Резултатот вели дека може да покажете со вашиот паметен телефон кон некаков предмет и на тој начин да дознаете кој е неговиот состав.
Хиперспектралната технологија не е нова. Со години Американците користат слична дигитална техника за да го одредат составот на земјената површина, со децении наназад.
Израелскиот изум е карактеристичен поради тоа што го сведува трендот на сензорите во изум кој сега е достапен во вашите раце. Иднината на користењето на сензорната технологија е непредвидлива.
Она што е интересно е што оваа хиперспектрална камера може да го одреди нивото на хранливи материи во храната која ја јадете и може да помогне во лоцирањето на штетни материи во храната, или да го одреди присуството на алергени супстанции во неа.
„Листата на полиња кои ќе имаат бенефит од оваа технологија е долга...
Предвидовме дека хиперспектралното фотографирање ќе игра голема улога во корисничката елекектроника, автомобилската индустрија, биотехнологијата и безбедноста генерално“, вели Мендлович.
Овој изум може да се потврди како корисен за обичните луѓе, научниците, докторите и астрономите кои имаат за цел да ги проучуваат човечкото тело и човечката средина.
прилог: