Во март годинава, списанието Popular Science објави извештај на група научници кои правеле музика специјално за мачките. Музиката е компонирана од челистот Дејвид Тај, кој себе се нарекува иноватор во музика за различни животински видови.
Песните се одбивни за човековото уво, но мачките ги сакаат.
Во научен труд објавен во Applied Animal Behavior, Тај и двајца психолози од Универзитетот во Висконсин-Медисон покажаа дека мачките ја обожаваат оваа музика. Видео покажува како мачките стануваат и одат до звучник кој ги испушта овие звуци. Музиката е пуштена во продажба и чини 15 долари за целиот албум. Веќе за 1.000 долари можете да добиете и песна именувана по вашата мачка, а за 2.000 долари добивате наменски направена композиција само за вашата мачка.
Колку овој тренд ќе го обземе светот, останува да видиме.
Краток извадок од оваа музика може да се слушне на следниов линк: www.musicforcats.com
Извор: http://popsci.com