Може ли да се стане невидлив?

Сите сме имале моменти на јавно засрамување, било да е поради некаков непромислен или „глуп“ разговор, сите гледаат во вас а вие сакате да исчезнете. Но, што ако навистина можеме да станеме невидливи?

 

Се чини дека ова е возможно. Преку користење на уред за виртуелна реалност и пресметано „збунување“ на сетилата, невронаучниците во Институтот Каролинска во Стокхолм успеале на луѓето да им овозможат илузија дека нивното тело е невидливо.

Волонтерите почувствувале како некој поминува низ нивното тело со четка. Ова е доволно, велат тие, да им се овозможи сензацијата дека целото нивно тело е невидливо. Се чувствува, велат многу од нив, не само како невидливи туку и целосно дематеријализирано од нивната физичка личност. Оваа студија е објавена во Scientific Reports1.

Какви се ефектите од овој изум? Волонтерите тврдат дека  оваа „невидливост“ го редуцира нивото на анксиозност во социјални ситуации. Нивоата на срцевиот пулс го докажуваат ова.

Хенрик Ехрсон, дел од стокхолмскиот тим, мисли дека техниката може да биде искористена во третирањето на социјалната анксиозност во која луѓето се осетливи на стрес во ситуации во кои тие треба да имаат презентација. Тие се потат, тресат, поцрвенуваат и имаат чувство дека ќе им излета срцето. Покрај употребата на медикаменти, анксиозноста се третира и со когнитивно бихејвиорална терапија. Виртуелната реалност веќе се покажала како корисна во когнитивно-бихејвиоралната терапија. Тимот од Стокхолм го поставува прашањето: што ако можете да му понудите на пациентот невидливо тело и постепено да го направите видлив? Ова е возможно затоа што креираната илузија е индивидуална, луѓето велат дека искусуваат различни длабочини на видливост, зависно од надворешните околности.

Моралната димензија

Овие потенцијални клинички пронајдоци звучат ветувачки, но истражувањата допираат една уште подлабока тема. Примери за лична невидливост се среќаваат во многу легенди и приказни каде што таа наоѓа други морални конотации.

Платоновата „Република“ го раскажува митот на магичниот прстен на невидливост, каде што еден овчар го користи за да ја заведе кралицата и да го убие кралот.

Англискиот писател Херберт Џорџ Велс во неговата новела „Невидливиот човек“ ја надградува оваа приказна за овчарот и демонстрира вознемирувачки искушенија за невидливоста и начинот на кој таа може да ја промени личната одговорност за нашите акции.

Дали невидливоста ќе го наруши нашиот морал? Ова е моментот во кој новите откритија стануваат посебно интересни, бидејќи истражувачите сакаат да го испитаат овој ефект на овчарот кој се среќава кај Платон.

„Планираме да ги изложиме испитаниците на одреден број на морални дилеми под илузијата дека тие се невидливи и да ги споредиме нивните реакции со контекст во кој тие се чувствуваат поврзани со нивното физичко тело“, вели Ехрсоновиот коавтор Артур Гутерстам. Овде го очекувам најлошото, затоа што овој ефект изгледа дека веќе функционира во виртуелната реалност на интернет.

Гутерстам вели: „Едно нешто е сигурно: треба да прифатиме многу од авторите кои тврдат дека ’невидливоста на човечкото тело е возможна преку модерната наука’. Ова алудира на работата која ни е позната како метаматеријално невидливо маскирање. Не само што оваа работа е многу далеку од постигнување на целосна маска во видливиот спектрум, туку исто така се сомневам дека ова ќе остане така уште долго. Никој реално нема да исчезне во блиска иднина”.

Извор: http://nature.com 

Последен пат изменето на Петок, 13 Ноември 2015 15:38
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…