Истражувачите од лабораториите на Универзитетот Корнел велат дека внесувањето на нездрава храна не поврзано со зголемување на индексот на телесната маса (БМИ). Изненадувачки, тие тврдат дека кај 95% од популацијата во САД лошата храна немала влијание на нивната дебелина. Тие велат дека навиките за јадење имаат поголемо влијание отколку нездравата храна. Многу диети ги демонизираат сендвичите и соковите, но според професорот Дејвид Џаст треба да се погледне малку пошироко.
Она на што треба да се обрне внимание е целокупната диета, односно сѐ што внесуваме во текот на денот, но и физичката активност. Да се сконцентрираме само на храната нема ефект и ги одвраќа луѓето од вистинската причина за дебелинатавели д-р Дејвид Џаст
Во реалноста навиките, како постојаното грицкање, брзото јадење и недостатокот на физичка активност придонесуваат проблемот со прекумерна тежина. Овие истражувачи велат дека лекарите наместо да ги предупредуваат луѓето да не јадат нездрава храна, треба да ги анализираат целокупните навики за исхрана на луѓето и да ги насочуваат кон физичка активност.
Иако јадете здрава храна, ако јадете премногу од неа сепак ќе се здебелите, се вели во ова истражување. И обратно, доколку не јадете здрава храна, а цел ден седите и немате никаква физичка активност, повторно ќе се здебелите.
Истражувачите, едноставно, сакаат да ја информираат јавноста дека овој вид храна не е демон и главна причина за дебелината, но сепак потенцираат дека овој тип на храна не е добра за здравјето во секоја смисла.
Извор: www.cornell.edu.
">https://www.youtube.com/watch?v=D4PJtnADfS0[/youtube]