(Видео) Играњето 3Д видеоигри може да ја зголеми вашата меморија

Стариот стереотип дека играњето видеоигри не е добро за вас е побиено од низа  истражувања кои го покажуваат токму спротивното. Според досегашните научни истражувања, играњето видеоигри може да биде добро за вашите вештини за справување со проблеми или за вашите способности за учење.

Нова научна студија покажува дека играњето видеоигри, исто така, може да помогне во зголемување на меморијата, односно да помогне во формирањето на меморијата. Ова може да биде овозможено од виртуелните 3Д средини кои ги има во таквиот вид на игри.

За да го истражат ова научниците барале од студенти да играат 3Д игри, а тие ја тестираат нивната способност за учење. Помеѓу игрите студентите правеле тест за препознавање на објект, кој е дизајниран да го ангажира хипокампусот во мозокот кој пак е поврзан со комплексното учење и меморијата.

Истражувачите откриле дека студентите кои играат 3Д видеоигри ги подобриле своите резултати на тестовите за меморија. Нивната меморија се подобрила за 12 проценти, а кај оние студенти кои играле 2Д игри не се покажало такво зголемување на меморијата. Како е ова возможно?

„Најпрвин, 3Д игрите имаат некои работи кои ги немаат 2Д игрите. 3Д игрите имаат повеќе просторни информации каде што може да се истражува. Потоа тие се многу посложени, што прави да имаат повеќе информации за учење. И во двата случаја знаеме дека за овој вид на меморија е потребен хипокампусот“, вели Крег Старк, истражувач од Центарот за невробиологија.

Истражувањето кое е објавено во „Journal of Neuroscience“ не се фокусира само на тоа да се подобри меморијата кај оние кои играат игри, туку за потенцијални когнитивни болести кои ги имаат луѓето или за развојот на болести кои доаѓаат со годините.

ВИДЕО

 

Последен пат изменето на Вторник, 15 Декември 2015 16:05
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…