Универзитетски професори открија начин за производство на чист дизел

Научници од белгискиот Универзитет „КУ Луевен“ открија нов метод за преработка на сирова нафта чиј краен резултат е добивање на еколошко дизел гориво.

Имајќи предвид дека клучна улога во преработката на нафтата има катализаторот, тимовите под водство на Јохан Мартенс и Крињ де Јонг во истражувањето ја имаа предвид токму улогата на катализаторите, од кој едниот метал, а другиот киселина во цврста агрегатна состојба.

Класичниот процес на производство на дизелот го вклучува меѓусебното дејство на молекулите на сировата нафта и споменатите катализатори, каде што молекулите константно се одбиваат помеѓу молекулите на металот и киселината и при секој допир материјалите ги менуваат своите својства. Досега се поаѓало од претпоставката дека оддалеченоста на двата катализатора мора да биде што е можно помала за да се овозможи што поинтензивно одбивање на молекулите помеѓу катализаторите, а со тоа ќе се зголеми и процесот на преработка.

Меѓутоа, истражувањето на професорите Мартенс и Де Јонг покажало дека пресудна улога во производството на чистиот дизел има намалувањето на оддалеченоста на молекулите, кај секој катализатор посебно. Оддалеченоста би требало да се мери во нанометри, така што во процесот на преработка на нафтата ќе се зголеми квалитетот на молекулите кај дизелот и на крај ќе се добие чисто гориво.

Овој нов метод ќе овозможи производство на дизел кој содржи мало количество јаглероден диоксид, а една од предностите е што истражувањето покажало дека постојниот индустриски процес многу лесно ќе може да се приспособи на новиот метод на преработка на горивата.

Новиот дизел би можел да се најде во продажба во следните пет до десет години.

Извор: www.kulueven.be.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…