Сите сме гледале филмови во кои длабоко во вселената гори оган. Особено во филмот „Гравитација“ од 2013 година, во кој освен Џорџ Клуни можете да видите оган кој се распространува во вселената.

Прашањето е како огнот се однесува во микрогравитација? За среќа, научниците од НАСА, исто така, се прашувале со години и решиле да одговорат на тоа прашање. Од 2009 година истражувачите на Меѓународната вселенска станица постојано експериментираат со гаснење на пламенот (FLEX), при што се обидуваат да откријат како пламенот ќе се однесува во вселената и, што е уште поважно, како да го изгаснат.

Штом ќе запалите свеќа пламенот се формира во неговиот класичен облик на солза, заради гравитацијата. Сѐ додека пламенот го троши кислородот топлиот воздух се подига, а студениот несогорен воздух се спушта на дното. Но, без гравитација нема раздвојување на топол и студен воздух, па пламенот се шири подеднакво во сите насоки што создава бавногоречко согорување.

Интересно е што со помош на експериментот за гаснење на пламенот е откриено дека согорување може да се случи и без појава на видлив пламен. Објаснување за овој феномен можете да видите на видеото подолу.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…