Научниците откриле како да го „исклучат“ протеинот кој предизвикува одредени типови рак

Секоја година околу милион луѓе ширум светот умираат од рак кој е предизвикан од мутација на т.н. РАС-гени. Околу 30% од сите човечки карциноми потекнуваат од мутација на РАС-гените. Всушност, рас е фамилија гени кои го кодираат развојот на истоимениот протеин.

РАС протеините во нормални околности промовираат правилен раст и размножување на клетките. Меѓутоа, доколку рас-гените мутираат тие протеини почнуваат да функционираат како „неисправен прекинувач“ кој е постојано „вклучен“ и со тоа предизвикува неконтролиран раст и размножување на клетките.

Ова семејство на протеини е познато уште од 70-тите години на минатиот век, но секој обид за негово „исклучување“ досега беше неуспешен. Постојат толку многу истражувања на таа област што научниците речиси се откажале мислејќи дека таквата мисија е невозможна. Поради овој проблем РАС протеинот доби неславен прекар – протеин кој не може да се третира со лекови.

Националниот институт за рак во 2013 година покрена „РАС – иницијатива“ која собра светски научници за да бараат нови ефективни начини да се разбере и да се „нападне“ овој „кобен“ протеин.

Истражувачи од Универзитетот во Торонто дошле до откритие кое има потенцијал да обележи нова ера во начинот и борбата против оваа болест. Тие откриле дека уште еден протеин, со име СХП2 има способност да го регулира делувањето на РАС протеинот по истиот принцип како „прекинувач“.

Михаел Охх, професор на Медицинскиот факултет во Торонто и еден од истражувачите, ја нагласи важноста од овој чекор во борбата против ракот. „Резултатите на инхибиторот се неверојатни. Бевме шокирани. Никој претходно немал вакво остварување“, вели професорот Охх.

Тимот научници на почетокот го тестираа ова откритие на глувци со глиобластома, најчест и најагресивен тип на рак на мозокот, и воочено е намалување на туморот за неверојатни 80%.

Следните истражувања поврзани со ова ќе бидат во соработка со хирурзи од Универзитетот во Северна Каролина, кои ќе имаат цел да го истражат влијанието на СХП2 инхибиторите на глувците за други типови на рак. Доколку и овие истражувања дадат позитивни резултати истражувачите планираат да започнат клинички испитувања на луѓе.

Извор: National Institute of Health (http://www.nih.gov/)

Последен пат изменето на Понеделник, 21 Декември 2015 11:36
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…