Пронајден е генот за интелигенција?

За првпат научниците идентификуваа кластер на гени во мозокот кој се верува дека е поврзан со човечката интелигенција. Двата кластери, наречени М1 и М3, се мрежи кои се составени од илјадници индивидуални гени за кои се смета дека имаат влијание на нашите когнитивни функции, вклучувајќи ги меморијата, вниманието, брзината на процесирање и резонирањето.

Најинтересно во целата приказна е тоа што истражувачите кои ги идентификуваа М1 и М3 кластерите веруваат дека овие веројатно се под контрола на главни „прекинувачи“ кои регулираат како функционираат овие мрежи од гени. Ако оваа хипотеза е точна и научниците навистина можат да ги најдат овие „прекинувачи“ можеби ќе биде можно да манипулираме со нашите гени за интелигенција, па дури и да ги зголемиме нашите когнитивни способности.

Знаеме дека генетиката игра голема улога во интелигенцијата, но до сега не знаевме кои гени се значајни“, вели неврологот Мајкл Џонсон од Империјал колеџ во Лондон. „Ова истражување открива некои од гените кои се вклучени во човечката интелигенција и како тие комуницираат меѓусебно“, вели Џонсон.

Истражувањето е објавено во „Nature Neuroscience“ и може да има значајно влијание не само за тоа како ја разбираме интелигенцијата, туку и за многу заболувања на мозокот.

Последен пат изменето на Четврток, 24 Декември 2015 08:58
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…