Зошто се потите повеќе од сите други луѓе?

Луѓето се предодредени да се потат. Кога станува топло ние се потиме за да се излади нашето тело. Едноставно, нели? Па, не баш – има многу парични зошто се потиме повеќе или помалку.

Има многу причини зошто се потиме повеќе од сите други во фитнес центарот. Но има и работи што може да ги направиме за да се исушиме барем малку.

Прво, нашиот пол игра голема улога. Жените имаат повеќе потни жлезди, но се потат помалку од мажите. Второ, ова можеби ќе биде изненадувачки за многумина, физичката активност условува колку ќе се потиме – не значи дека оние кои не вежбаат се потат повеќе, истражувањата го покажуваат токму спротивното – оние кои се физички активни се потат повеќе од оние кои не вежбаат.

Но ова не е сѐ. Физички неактивна личност правејќи ги истите вежби ќе почне да се поти порано од физички активна личност. Друг фактор што може да влијае на потењето е пиењето кафе и алкохол.

Кафето предизвикува да се потиме помалку (со оглед на неговите диуретски својства). Потењето помалку може да предизвика дехидратација, па затоа е потребно да пиеме вода во доволни количини.

Алкохолот може да направи да се потиме повеќе. На некои луѓе додека пијат алкохол лицето им поцрвенува. Тоа се должи на зголемената работа на срцето, проширените крвни садови и поголемата циркулација на крв во телото. Ова води кон зголемена телесна температура, а со тоа и зголемено потење.

Дури и да не се применат овие работи, некои луѓе едноставно се потат повеќе. Тоа може да биде знак на некоја притаена болест. Прекумерното потење медицински се нарекува хиперхидроза. Има два типа хиперхидроза – примарна фокална хиперхидроза и секундарна генерална хиперхидроза.

Секундарната генерална хиперхидроза е прекумерно потење предизвикано од некоја медицинска состојба или како контраефект на некои лекови. Оваа состојба претпоставува и потење на целото тело во големи количини.

Примарна фокална хиперхидроза значи прекумерно потење на одредени места и тоа не е предизвикано од некои екстерни фактори. Кога станува збор за овие пациенти некои делови од телото се потат повеќе отколку други делови. Тоа значи дека кај нив може да се јави прекумерно потење на нозете, рацете или главата.

Независно поради што се потите, важно е да имате на ум дека вашето тело го прави тоа за да се излади. Ако сакате да останете „кул“ мора да се потите, вашето тело ќе ви биде благодарно.

Последен пат изменето на Петок, 25 Декември 2015 14:38
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…