Новогодишни „светилки“ во вселената

Додека уживате во светкањето на вашата елка (или едноставно се воодушевувате на трудот на соседите и на нивната елка) одделете еден момент да уживате во нешто што наликува на новогодишна светлина, што ни го приредува универзумот. Астрономите со помош на телескопот Хабл успеале да доловат еден убав новогодишен орнамент кој е надополнет со оваа златна „лента“.

Небулата наречена НГЦ 5189, впрочем остаток од експлозија на ѕвезда, е на околу 3.000 светлосни години од нас. Најголем дел од оваа небула е материјал кој е остаток од експлозија на ѕвезда со средна големина. Светликавите топчиња што се гледаат на фотографијата од Хабл се во дијаметар од две светлосни години и се распространети на повеќе страни. Она што наликува на извиткана златна лента, впрочем, е ѕвезден ветер и радијација што се шири од централната ѕвезда. Многу физички феномени се вклучени за да ни ја приредат оваа слика која ние ја интерпретираме како новогодишни светла за збогатување на предновогодишната атмосфера.

Последен пат изменето на Петок, 25 Декември 2015 15:18
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…