Во ЦЕРН пронајдена нова честичка или темна материја?

Како што изгледа, најголемиот судирач на честички во светот во ЦЕРН е на чекор да пронајде нова елементарна честичка која може да значи и промена на некои физички закони. Иако може да станува збор и за најобична грешка во пресметките.

Додека ја очекуваме потврдата на резултатите научниците веќе разработуваат одредени теории кои би можеле да го објаснуваат ова откритие. Теориите почнуваат од Хигсовиот бозон, па сѐ до гравитоните. Научниците до новите податоци дошле со набљудување на два посебни детектори во големиот судирач на честички познати под името АТЛАС и ЦМС. Големиот судирач на честички работи на принципот на судирање на честички со брзина блиска до брзината на светлината, при што нивната енергија се претвора во маса, а од судирите на протоните теоретски се создаваат нови честички или, пак, да се појават веќе познати честички. Најлесно се пронаоѓаат со детектирање на енергетски аномалии во текот на судирањето.

Некои научници новата честичка ја објаснуваат како глубол. Професорот Јасунори Номура од Универзитетот во Калифорнија смета дека се работи за глубол, која е слична на глуонот. Обичниот глуон е носител на силна нуклеарна сила која ги држи заедно кварковите во протоните и неутроните, глуболот се јавува само при супервисоки енергии.

Од друга страна, други научници веруваат дека станува збор за темната материја. Еден од нив е Михаило Бачковиќ од Белгискиот универзитет кој вели дека е интересно што двата детектори Атлас и

ЦМС регистрирале ист енергетски набој од 750 GeV (гигаелектронволт).

Иако станува збор за големо количество на енергетски набој, сепак научниците не брзаат со заклучоците додека не потврдат со т.н. 5 сигма сигурност. Станува збор за мерка која кажува колку одреден настан може да биде плод на случајност или пак со сигурност е точен. Доколку има сигма 1 станува збор за голема шанса за случајност, а додека 5 е речиси сигурен резултат. Во овој случај станува збор за сигма 3,9, што е добар резултат за натамошни истражувања, но не и за недвосмислена изјава од страна на научниците.

Извор: www.arXiv.org.

Последен пат изменето на Понеделник, 28 Декември 2015 16:04
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…