Од јануари 2016 година ЦЕРН ќе го раководи жена

Фабиола Џианоти, италијанска физичарка специјализирана за физика на елементарните честици, е избрана за нов раководител на најголемата научна лабораторија за физика во светот ЦЕРН.

На должноста директор на ЦЕРН оваа почитувана физичарка ќе стапи од јануари 2016 година.

„Визијата на Џианоти за водењето на ЦЕРН, заедно со нејзиното богато знаење и искуство беа пресудни за нејзиниот избор за директор“ – изјавила претседателката на Советот, Агнешка Залевска.

При изборот, Џианоти изјавила дека ѝ претставува огромна чест и одговорност, затоа што ЦЕРН е центар на научната извонредност и извор на инспирација за физичарите од целиот свет.

Фабиола Џианот била раководител на експериментот Атлас од 2009 година до 2013 година.

„Натур“ објави интервју со Фабиола Џианоти кое може да го прочитате овде.

Последен пат изменето на Вторник, 29 Декември 2015 10:15
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…