Поради интернетот сѐ помалку признаваме дека нешто знаеме

Професорот Еван Риско од Одделот за психологија на Универзитетот во Вотерлу направи интересно истражување во кое на сто испитаници им постави прашања од општа култура.

Половина од испитаниците имале пристап до интернет и морале да побараат одговори на оние прашања кои не ги знаеле, додека на другата половина интернетот не им бил достапен. Истражувачкиот тим открил дека поради интернетот учесниците во истражувањето биле подготвени да кажат дека не го знаат одговорот, односно шансите да го знаат одговорот се намалиле за 5 проценти. Понатаму, во одредени ситуации испитаниците кои имале пристап до интернет изјавиле дека се чувствуваат како да знаат малку, за разлика од испитаниците без пристап до интернет.

„Поради интернетот, ние како човечки род постојано сме поврзани со огромни количини на информации. Поради тоа што сите тие податоци ни се на дофат, луѓето сѐ помалку се потпираат на сопственото знаење“ – изјавил професор Риско.

Со анализата на резултатите, истражувачите дошле до заклучок дека поради пристапот до интернет во општеството луѓето сѐ почесто говорат дека нешто не знаат иако всушност знаат, само затоа што можат во неколку минути одговорот да го побараат и потврдат на интернет.

Заклучокот од ова истражување е дека пристапот до интернет има огромна улога во донесувањето на нашите одлуки за тоа дали нешто знаеме или не. Истражувачите се надеваат дека овие резултати ќе придонесат за разбирањето дека достапноста до огромната количина на информации имаат огромно влијание врз нашето размислување и однесување.

Извор: www.uwaterloo.ca 

Последен пат изменето на Вторник, 29 Декември 2015 09:51
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…