Патувањето е дел од нивната годишна миграција кога поларните мечки ја населуваат околината на градот Кејп Чурчил, Манитоба, а околу 900 жители на тој град оваа зимска миграција ја претвораат во вистинска туристичка атракција.
Туристичката понуда нуди разгледување на поларните мечки, преку прошетка со специјален автобус. Иако нападите од страна на поларните мечки се ретки, жителите на градот велат дека кога мечките се приближуваат до градот тие најчесто употребуваат превентивни мерки како труби, сирени или испалување на гумени куршуми.