Понеделниците и 1-ви јануари навистина се најдобрите денови да си поставите нови цели

Ако имате чувство дека животот ви дава свеж почеток секој понеделник не си измислувате. Неодамнешна научна студија вели дека таквите денови во календарот се најприродните денови да си поставите нови цели и да воспоставите нови навики. Овој „ефект на свеж почеток“ може да ни помогне да најдеме мотивација да се одвоиме од старите лоши навики.

Според труд објавен во „Psychological Science“, таканаречените „временски рамки“ (специфични денови и датуми) се попогодни да не охрабрат да си поставиме нови цели бидејќи овие денови ни прават да мислиме за нови почетоци.

Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон и во Пенсилванија направиле пет поединечни експерименти да откријат различни начни за нашата перцепција на времето и можноста да си поставуваме цели. Во еден експеримент 165 учесници направиле кратки онлајн анкети. Од нив било побарано да си постават лична цел и да изберат ден во кој ќе започнат со остварување на таа цел.

Учесниците биле поделени во две групи по случаен избор и им била дадена листа на датуми. Во едната група сите датуми биле означени со ист формат, а во другата група само 20-ти март бил означен како прв ден на пролетта.

Учесниците од втората група почесто го избирале 20-ти март како датум за нивен свеж почеток. Научниците заклучуваат дека со избирањето на вистински датуми ни дава охрабрување за да го следиме датумот што сме си го поставиле.

Покрај ова истражување научниците барале и во трендовите на Гугл за да видат на кои датуми луѓето пребаруваат одредени зборови, како на пример зборот „диета“. Заклучиле дека зборот „диета“ се јавува повеќе на почетокот на секоја седмица и на почетокот на секој месец, но и за време на некои важни празници. Вакви податоци научниците прибирале и од фитнес центрите – бројот на посетители се зголемувал на почетокот на неделата, на почетокот на семестарот или после нечии родендени.

Научниците заклучуваат дека оние со слаб карактер имаат шанса да направат повеќе доколку си поставуваат вакви датуми за свој свеж почеток, а со оглед на фактот дека можат да не успеат во целта, нови датуми ќе дојдат. Тоа е добро за де не се чувствуваат како губитници, туку одново и одново да се обидуваат. Ова значи дека почетокот на годината и научно е вистинскиот момент да си поставите нови цели и да станете подобри луѓе.

Извор: www.sciencealert.com  

Последен пат изменето на Четврток, 31 Декември 2015 10:43
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…