Математичар предложи начин за креирање и манипулација на гравитацијата

Физичарите деновиве беа прилично возбудени од информацијата дека конечно се детектирани брановите на гравитацијата – бранување во времето и просторот предвидено од страна на Ајнштајн уште пред 100 години.

Досега нашето разбирање за гравитацијата беше ограничено на тоа дека таа влијае на целиот Универзум и дека тоа се природни гравитациски полиња креирани од далечни ѕвезди или планети. Всушност гравитацијата е една од четирите фундаментални сили кои луѓето ги знаат. Математичарот Андре Фузфа од Универзитетот Намур во Белгија објави труд во кој е претставен уред кој би можел да ја контролира гравитацијата. Контролата би била во многу мали количини, но сепак може. Интересно е што за тоа не ни треба некоја нова технологија или технологија која не е позната.

Да разјасниме уште на стартот – зборуваме за манипулирање на сосема мали гравитациони полиња или пак за креирање на исклучително мали полиња. Не за такви какви што гледаме во научно – фантастичните филмови. Гравитациони полиња кои би симулирале услови како на земјата не можат да се креираат со технологијата која ја поседуваме, барем не сега за сега.

Но креирање на исклучително слаби гравитациони полиња сепак би било неверојатно возбудливо од научен аспект. Тоа би значело дека физичарите за првпат ќе имаат можност активно да ја проучуваат гравитацијата. Ова би можело да доведе и до производство на нова технологија како што се форми за комуникација базирани на гравитација наместо на електромагнетни бранови.

Проучувањето на гравитацијата некако е мисловна активност. Научниците се ограничуваат себеси на работи кои се претходно истражени и докажани и не бараат нови и нови начини. Генерирајќи вештачки гравитациони полиња кои би можеле да се вклучат и исклучат е прашање кое е оставено на научната фантастика“ , пишува во својот труд Фузфа.

Уредот кој тој го предлага е голем супер спроводлив електромагнет, каков што се користи во големиот хидронски колајдер во ЦЕРН, кој би генерирал добро контролирани и многу силни гравитациони полиња кои ќе им овозможат на физичарите да видат како овие полиња го „виткаат“ просторот и времето.

Овој предлог не е експериментално тестиран, па некои научници оставаа простор за тоа, но сепак математиката зад оваа теорија е целосно точна. Трудот во целост може да се прочита на следниот линк - http://arxiv.org/pdf/1504.00333v3.pdf

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…