Материјалот развиен од научници во Кина можеби ќе може да се справи со 36 гигатони од карбон диоксид кој се испушта во атмосферата секоја година од фосилните горива. Со години научниците предупредуваат на опасностите кои можат да се создадат од испуштањето на CO2 во атмосферата. Глобалното затоплување е особено изразено во последните десет години, а голем дел од владите не го сфатија доволно сериозно. Научниците со децении се борат да најдат начин да направат енергетски ефикасен начин за претворање а карбон диоксид во нешто корисно. Ова е најветувачкиот материјал кој досега е направен.
Хемискиот инженер Катриш Мантирам од Институтот за технологија во Калифорнија, која не била вклучена во ова истражување, вели дека ова претставува фундаментално научно откритие.
„Секако дека ќе бидат потребни години додека овој процес профункционира во пракса, но во оваа фаза на развој ова е многу ветувачки“, вели Катриш.
Овој материјал е од само неколку атоми и направен е од ултра тенок слој на чист кобалт и кобалт оксид. Со електроиндукција материјалот ја менува молекуларната структура и продуцира чисто гориво користејќи го карбон диоксидот во себе.
Кога ќе се спроведе струја на овој наноматеријал молекулите во материјалот имаат интеракција со молекулите на карбон диоксид кои се движат слободно низ материјалот. Ова предизвикува водородните атоми да се врзат со атомите на јаглерод од јаглерод диоксидот и да произведат екстра електрон со тоа „CO2“ станува „CHOO-“ или формат.
Трудот деновиве беше објавен во списанието Nature, а доколку ова почне да се применува ќе реши огромен проблем на планетата Земја и на луѓето воопшто.