Минков и Бонд користеа податоци од три бранови на национално репрезентативни истражувања спроведени во периодот од 2000 до 2014 година. Го пресметаа просекот на испитаници кои одговориле дека се многу среќни. Нивните пресметки исто така вклучија генетски истражувања од Универзитетот Јеил како и климатски информации за острината на летата и зимите како и економски истражувања, бидејќи се смета дека националните разлики во субјективната добросостојба зависи од социоекономски и климатски фактори, покрај генетските.
Овие автори најдоа силна корелација помеѓу среќата кај одредени нации и присуството на „А“ генетската варијација. Оваа генетска варијација влијае во превенирањето на хемиското разложување на анандамидот, супстанца која го подобрува сетилното задоволство и помага во намалувањето на болката.
Нациите со најизразено присуство на „А“ генетската варијација се убедливо нации кои се сметаат себеси за најсреќни. Помеѓу овие нации се наоѓаат Гана и Нигерија во Западна Африка како и северните латиноамерикански нации како Мексико и Колумбија.
Арапските нации – Ирак и Јордан како и источно Азиските нации – Хонг Конг, Кина, Тајланд и Тајван кај кои се бележи најмало присуство на оваа генетска варијација се оценуваат себеси како помалк среќни. Генетиката исто така дава објаснување и за разликите во среќата помеѓу европските нации. Северноевропските држави како Шведска, бележат поголемо присуство на „А“ генетската варијација за сметка на оние од Централна и Јужна Европа.
Авторите признаваат дека генетиката не е единствениот „виновник“ за среќата. Тие сметаат дека економските и политичките потешкотии кои се чести кај источноевропските нации придонесуваат многу во ниските нивоа на среќа кај граѓаните на овие нации. Овие фактори допринесуваат во намалување на нивоата на среќа иако присуството на горенаведените генетски варијации се присутни во гените на овие нации.
Климатските разлики исто така се важен фактор поврзан со националните разлики во нивоата на среќа.
Извор: www.sciencedaily.com