Анализите на гените кај повеќе од 13.000 хетеросексуални парови го потврди тврдењето дека партнерите ги бираме според нивната висина. Ова е одлично објаснување за фактот дека најчесто бираме партнери со слична висина.
Во текот на последниот век бројни студии потврдија дека висината е важна во изборот на партнери, но сѐ до овој момент не беше јасна причината за тоа.
Водечкиот автор на оваа студија, Алберт Тенеза од Универзитетот во Единбург вели: „Нашите гени ја управуваат привлечноста кон партнери кои имаат слична висина како нашата, односно - високите луѓе бираат високи партнери. Откривме дека оние 89% од генетската варијација која ги управува преференците за висина кај партнерот и онаа која ја управува нашата лична висина се споделени.
Нашата висина е детерминирана од комбинација на генетски фактори и фактори на околината.
Нашите гени можат да бидат искористени во предвидувањето на висината на нашиот партнер. Како што вели Тенеза: „Набљудувајќи ги гените за висина кај едниот парнер, ја претпоставивме висината на другиот со 13% точност“.
Оваа студија е одлично научно објаснување за начинот на којшто бираме партнери во текот на животот.
Извор: www.sciencedaily.com