Докажано е: Човечката волја е целосно слободна

Нашите избори изгледа дека се послободни од она што се сметало до сега. Преку користење на компјутерски базирани експерименти, истражувачи од Берлин го проучуваа донесувањето на одлуки.

Прашањето кое се постави беше: Можно ли е луѓето да откажат некоја акција откако мозокот веќе почнал да ја подготвува. Одговорот е: Да, до одредена точка – до точка од која нема враќање.

Како несвесните мозочни активности можат однапред да знаат каква одлука ќе донесе човек, кога ни тој самиот сè уште не е сигурен? До сега, постоењето на такви подготвителни мозочни процеси беа доказ за детерминизам, според кој слободната волја не е ништо друго туку илузија.

Целта на нашето истражување е да најдеме дали постоењето на рани мозочни бранови значи дека понатамошното носење на одлуки е автоматско и не е под свесна контрола на умот или пак личноста сè уште може да ја откаже одлуката, односно да примени ’ветовели проф. Хајнс, лидер на ова истражување

Како дел од оваа студија, истражувачите ги замолија испитаниците да влезат во „дуел“ со компјутер, а потоа ги набљудуваа нивните мозочни бранови за време на играта користејќи ЕЕГ. Специјално обучениот компјутер имаше задача да предвиди кога субјектот ќе се придвижи и да го изманеврира субјектот. Ова беше постигнато преку манипулирање на играта во корист на компјутерот секогаш кога мозочните бранови покажуваа дека субјектот ќе се придвижи.

Доколку субјектите успеат да останат непредвидливи, ова би значело дека контролата над нивните акции може да се одржи многу подолго отколку што претходно се сметало, што е точно она што сакаа да го докажат истражувачите.

Човечките одлуки не се оставени на милоста на несвесното и раните мозочни бранови. Врз нив може активно да се делува во процесот на носење одлуки и прекинување на акциивели проф. Хајнс

Оваа студија покажува дека слободната волја е многу помалку ограничена отколку што претходно се сметало. Сепак, постои една точка од којашто нема враќање.

Научниците планираат понатамошни истражувања кои ќе ги испитаат покомплексните процеси на носење одлуки.

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Четврток, 21 Јануари 2016 10:37
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…