Нова студија ги истражува овие до сега претпоставени теории. Д-р Холи Лос и нејзините колеги ги набљудувале нивоата на кортизол за време на првите години во бракот. Доказите упатуваат на тоа дека изборот на партнерот во голема мера влијае врз менаџирањето на овој моќен и проблематичен стрес хормон – кортизолот.
Генерално, премногу кортизол во организмот е штетен. Најдобро е да се намали нивото на стрес со што ќе се намали влијанието на кортизолот.
Откритијата на д-р Лос и нејзините колеги сугерираат дека што повеќе време двајцата партнери поминуват заедно, тоа повеќе се зближуваат, но на еден специфичен биолошки начин: што повеќе време поминале заедно, тоа послични им се нивоата на кортизол во нивните организми. Ова има биолошка позадина: синхронизирање со оние што се најблиску до нас. Но, докторите најдоа и потенцијален ризик од оваа врска – синхронизацијата на кортизолот за време на конфликтните дискусии помеѓу брачните партнери се поврзува со намалена брачна сатисфакција, но и потенцијално влошено здравје.
Д-р Лос за ова има објаснување: „Неколку научници претходно открија дека партнерите си го корегулираат нивниот стрес. Ова значи дека падовите и успоните на нивните нивоа на кортизол во текот на денот покажуваат кореспонденција: доколку едниот парнер има повисоко ниво на кортизол од вообичаено, тогаш и другиот партнер го манифестира истото. Она што го докажа нашата студија е дека нивото на кореспонденција во нивоата на кортизол кај брачните партнери е зголемено во првите години од бракот.
Другото интересно откритие е дека нивото на стрес, управувано од кортизолот, кај женските партнери останува синхронизиран со нивниот партнер и во понатамошните години.
Прашањето кое се поставува е: како да се заштитиме од стресот на нашите партнери?
Кога сакаме некого, ова особено се однесува на женскиот пол, се обидуваме да бидеме во синхронизација со емоциите на оние кои ни се најблиски. Учењето како да се изолираме од стресот на партнерот има позитивни емоционални и физички придобивки. Ние можеме да се научиме како да се сакаме меѓусебно без да го апсорбираме стресот од нашите партнери. Психотерапијата нуди добра помош за ваквите состојби.
Извор: www.psychologytoday.com