Научна студија тврди дека медот можеби и не е толку здрав

Нова студија покажува дека медот што тие го истражувале содржи природни токсини кои ги надминуваат дозволените нивоа. Истражувачите анализирале мед од Австралија за кој тврдат дека ги содржел овие токсични материи. Токсините се наречени пиролизидинови алкалоиди за кои е познато дека го оштетуваат црниот дроб кај човекот и можеби предизвикуваат рак ако се консумираат во големи количини.

 

Загрижувачки истражувањето пронашло дека 41 од 59 тестирани видови на мед (австралиски мед) имаат четири пати повеќе од европскиот мед. 

Австралиските производители на мед се правдаат дека овој извештај се потпира на стари податоци и дека, сепак, бројките се претерани, но истражувачите се категорични во предупредувањето да не го јадат бремените жени, а особено мајките кои дојат.

Овој вид на алкалоиди, според истражувањата, можат да предизвикаат тешки оштетувања на црниот дроб кај човекот, а со текот на времето можат да доведат и до смрт. Модерната наука има и експериментални докази за овој тип на хемикалии кои се наоѓаат во природата. Експерименталните истражувања врз глодари и човечки клетки во лабораторија покажуваат дека овие токсини можат да предизвикаат и рак.

Оваа поврзаност не била јасно набљудувана кај луѓето, но според експертот Џон Едгар, луѓето треба да го избегнуваат. „Избегнувајќи храна која содржи вакви алкалоиди како мед, чаеви, салати, брашно, млечни производи и хербални производи може да го намали ризикот од рак“, вели Едгар.

Во меѓувреме производителите на мед смируваат дека овие истражувања се претерани и се базираат на податоци собирани од пред три години.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…