Тоа значи дека материјалот од којшто се направени овие палки одбива вода. Тие се направени од поликарбонат и ја одбиваат водата благодарение на ласерското клиширање со супер малечки испакнатини плус спрејот од тефлон. Целиот овој процес прави материјалот да не се лепи со водата, односно молекулите на вода не можат да се лепат на површината и стануваат супер водоотпорни.
Инаку астронаутот Скот Кели е човекот кој најдолго бил во вселената од кој било астронаут до сега. Прилично е активен на социјалните мрежи и веќе стекна голема популарност. Тој моментално е 300 дена во вселената, но во еден свој твит рече дека рекордите се овде за да бидат срушени и дека планира да остане во вселената најмалку 500 дена. Кој би можел да претпостави уште какви убави експерименти ќе ни претстави овој астронаут. Можеби следниот предизвик би му бил водата за пинг-понг да ја замени со пиво.