Во суштина, ако гледаме во тој универзум ќе видиме дека времето се движи обратно од нашиот универзум, но од перспектива на тој универзум нашиот се движи наназад.
Времето не е нешто што постои отсекогаш. Времето тече и почнува од една точка во универзумот. Кога ќе погледнете природно е да се каже дека времето почнува во една централна точка и тече во две спротивни насокивели физичарот Џулијан Барбор од Универзитетот Оксфорд
Физичарите се трудат со децении да го докажат фактот дека никој од фундаменталните закони на физиката кои управуваат со Универзумот не мора да важат единствено ако времето се движи нанапред. Независно дали се работи за Њутновите закони за гравитацијата, електродинамиката на Максвел, теориите на Ајнштајн за релативитет и квантна механика, сите овие теории можат совршено да функционираат и доколку времето се движи нанапред и наназад.
Извор: www.newscientist.com.