(ВИДЕО) Новиот рекорд во сложување Рубикова коцка изнесува една секунда

Гинисовиот светски рекорд во сложување на Рубиковата коцка го држи тинејџерот од Кентаки, Лукас Етер кој има само 14 години.

Неодамна, пак, инженерите Џеј Флатланд и Пол Рос си поставиле за задача да го соборат светскиот рекорд на сложување Рубикова коцка, но со помош на робот.

Единствената задача на роботот била сложување на Рубиковата коцка во што е можно пократок временски период, за што бил изработен специјален алгоритам, а роботот работи со помош на 3D читач, Arduino чип, Linux оперативен систем и четири USB камери.

Иако овој резултат уште не е признат како нов светски рекорд, тоа би можело да се случи наскоро, но во нова категорија.

Како успева роботот да ја сложи Рубиковата коцка за 1 секунда погледнете во видеото подолу.

 

Последен пат изменето на Вторник, 26 Јануари 2016 15:24
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…