Откриен е причинителот за аутизам кај мајмуните

Мајмуните кои носат човечки гени кои се поврзани со аутизам покажуваат високо ниво на анксиозност и не се социјализираат нормално, вели заклучок на истражување објавено во списанието „Nature“.

Овие видови мајмуни ’макаки’ може да откријат интересни факти поврзани со тоа како аутизмот го зафаќа човечкиот мозоквели Зилог Киу од Кинеската академија на науки во Шангај

Киу и колегите кај овие мајмуни откриле ретка болест слична на аутизам која е предизвикана од преголемо присуство на МеЦП2 генот. Кај луѓето мутациите на овој ген предизвикуваат Ретов синдром, нарушување во развојот кое е придружено со симптоми на аутизам.

Научниците по пат на набљудување на овие мајмуни забележале дека тие постојано  кружеле низ кафезите, имале анксиозен поглед кога некој ги гледа и поминувале значително помалку време во близина на другите мајмуни кај кои не е забележано големо присуство на овој ген. Овие мајмуни имаат и намалена социјална активност.

Извор: www.sciencenews.org.

Последен пат изменето на Среда, 27 Јануари 2016 10:18
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…