Студијата ја направи Силвија Мајер од Универзитетот во Цирих. Имено, таа и нејзините колеги поканиле 41 млади мажи во лабораторија за тестирање од 3 часа. Истражувањето почнало така што на испитаниците им биле покажани 180 видови храна на компјутерски екран. За време на прикажувањето ги замолиле испитаниците да дадат оценка за тоа колку е привлечна, здрава и вкусна храната на екранот.
Потоа истражувачите „напнале“ 29 испитаници. Ова го направиле со тоа што ги натерале да држат коцка мраз во раката цели три минути. Кога чувството ќе станело непријатно, тие можеле да ја пуштат водата.
На другите 22 испитаници им била дадена топла вода која требаше да ја држат во едната рака.
По завршување на овој дел од тестот, на испитаниците им биле дадени ужинки од здрава храна и ужинки од нездрава и калорична варијанта.
И покрај тоа што претходно им било нагласено да го изберат здравиот оброк, испитаниците кои биле под стрес ја избрале нездравата варијанта на оброк.
Истражувачите за време на оваа студија направиле и мозочен скен со што ги испитале мозочните акции на испитаниците. Скенот покажа кој дел од нивниот мозок беше поактивен за време на носењето одлуки за избор на оброкот.
Нашите откритија докажуваат дека стресот го менува процесот на носење одлуки. Ова се случува преку промена на сензорните информации - како вкусот и човечката способност за поставување цели и придржување до ниввелат научниците во нивниот заклучок
Потребни се повеќе студии за да се потврдат овие откритија. Овие првични испитувања упатуват на тоа дека стресот не само што ја прави нездравата храна привлечна, туку исто така го спречува мозокот во носењето одлуки да ја избегнува ваквата храна.